kozle1

Макета клиничка болница Козле, Новиот објект на Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле кој се гради во близина на стариот објект, и со подобра динамика од предвиденото.

Ќе биде целосно опремена здравствена установа со нов стандард на еднокреветни и двокреветни соби за мајките и децата во кои ќе има целосна климатизација, тоалет во секоја просторија, широки ходници со пултови на сестрите. Станува збор за една од на...јголемите капитални инвестиции во здравството во поновата македонска историја. Ќе има нови 6.500 м2 болнички простор во здравствената установа во која ќе има комплетни услуги од областа на белодробните заболувања. Организацијата ќе биде како во најсовремените болници во Европа и во светот. Очекуваме овој начин на организација, новите простории, новата инфраструктура да ги дадат ефектите на сериозно зголемување на стандардот на давање на здравствени услуги во Македонија